среда, 22 јануари 2025

Џиновска гасна планета има ветрови кои дуваат со 33.000 километри на час

Набљудувањата на ВАСП-127б, џиновска гасна егзопланета оддалечена повеќе од 500 светлосни години од Земјата, сугерираат дека има феноменално високи брзини на ветерот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Огромната планета која е надвор од нашиот Сончев Систем има ветрови кои се движат околу нејзиниот екватор со речиси 30 пати поголема брзина од звукот на Земјата.

Лиза Нортман од Универзитетот во Гетинген, Германија, и нејзините колеги го користеа најголемиот телескоп на Европската јужна опсерваторија во Чиле за да го набљудуваат ВАСП-127б, џиновска гасна егзопланета на повеќе од 500 светлосни години од Земјата.

Таа е малку поголема од Јупитер, но е една од познатите планети со најмала густина.

Нортман и нејзиниот тим очекуваа да видат светлосен сигнал од атмосферата на планетата кој има еден посебен врв, но наместо тоа пронајде два одделни врвови.

„Бев малку збунета“, вели Нортман. „Но, со малку повнимателна анализа на податоците, стана појасно дека има два сигнали. Бев прилично возбудена, мојата прва мисла беше дека тоа мора да е некој вид супер-ротирачки ветер“.

Тимот заклучи дека двата врва потекнуваат од брзи ветрови во млазен поток околу екваторот на планетата, при што половина од ветрот се движи кон Земјата, а другата половина се оддалечува од неа. Ветерот, кој се чини дека е составен од вода и јаглерод моноксид, се чини дека се движи со 33.000 километри на час, што го прави најбрзиот ветар измерен досега на една планета.

„Зборуваме за 9 километри во секунда. Брзината на ветрот дури и на Јупитер е како неколку стотини метри во секунда, така што ова е навистина многу поголема“, вели Вивиен Парментие од Универзитетот во Оксфорд.

Не би можеле да ги почувствувате овие екстремни брзини доколку сте во овој ветер, затоа што сето тоа би се движело околу вас со иста брзина, вели Парментие. Но, би доживеале температурни разлики од стотици степени за неколку часа, додека ветровите се движат од жешката страна на планетата, која постојано е свртена кон нејзината ѕвезда, кон нејзината студена страна, која седи во постојан мрак.

Истражувачите не знаат зошто планетата има толку екстремни ветрови, но Нортман вели дека таа има одредени посебни својства, како што се нејзината мала густина и нејзината нестабилна орбита околу својата ѕвезда, кои би можеле да играат улога.

„Сепак, не е воспоставена јасна врска помеѓу тие факти и особено силните ветрови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ