недела, 20 октомври 2024
Серија А

Џенова со пенал во 96. минута му откина два бода на шампионот, Интер киксираше на стартот (ВИДЕО)

Новата сезона во Серија А беше отворена со возбудливо реми помеѓу Џенова и Интер, домаќините со пенал во 96. минута му откинаа два бода на актуелниот шампион.

Објавено на

часот

Сподели

Трета година по ред, Џенова го сопнува Интер на „Лиџи Ферарис“, вечерва со гол од пенал во 96. минута, домаќините се изборија за реми и бод.

Џенова одлично го отвори натпреварот, Вољако го отвори резултатот по 20 минути игра. Сепак, Интер брзо одговори, Турам со глава изедначи на 1-1 по еден час игра.

Во продолжението од мечот, двете екипаа имаа добри шанси, а за нов гол се чекаше до 85. минута, кога Турам по втор пат ја затресе мрежата за 1-2.

И кога се чинеше дека Интер ќе стигне до победа, Бисек реагираше несмасно и играше со рака по една нафрлена топка, а по прегледување на снимките, судијата покажа на белата точка.

Зомер во прв момент го одбрани пеналот на Месиас, но напаѓачот прв стигна до одбиената топка и реализираше за 2-2 и огромна радост.

На вториот денешен натпревар од 18:30 часот, Парма и Фиорентина одиграа 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ