четврток, 24 октомври 2024

Џенета Бектовиќ е единствена кандидатка за нова членка на Судскиот совет

Судијката Џенета Бектовиќ од Основен кривичен суд Скопје е единствената кандидатка од листата по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, утврди денеска на седница Судскиот совет. Изборот е закажан за четврти септември.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната седница на Советот на која беше заклучен Судскиот изборен именик и беше формирана Комисија за спроведување на избор беше донесена и одлука изборот да се одржи на четврти септември 2024 година.

Покрај ова, на денешната седница беше утврден и престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на сдијките Анита Данилова од Виш Управен суд и Светлана Попоска од Основен суд Струга.

Со денешната одлука на Судскиот совет, судијката Виолета Илиевска од Вишиот управен суд, беше определена за в.д. претседателка на Судот.

Денеска беа избрани и двајца судии поротници на Апелацискиот суд Скопје.

Јавноста беше исклучена од точките за формирање на Комисија за констатирање на состојба по предмет, одлучување по барање на судија за јавност на постапка за утвдување на одговорност на судија, односно претседател на суд, формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и разглдување на барање на претседател на комисија на известители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ