„Нагласив дека компаниите, вклучително и оние во Народна Република Кина, не смеат да даваат материјална поддршка за руската војна и дека ќе се соочат со значителни последици доколку го сторат тоа“, изјави Јелен, пренесе Блумберг.
Како што рече таа, сите банки кои овозможуваат значајни трансакции кои насочуваат воени стоки или стоки со двојна употреба кон руската одбранбена индустрија се изложени на ризик од американски санкции, рече Јелен.
Како што беше наведено, администрацијата на Бајден се обидува да се пресмета со компаниите ширум светот кои ѝ помагаат на Русија да ја избегне мрежата на санкции наметнати на Москва од САД и нејзините сојузници поради војната во Украина.
Јелен се закани со санкции во Пекинг на денот кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Пекинг на разговори за различни прашања, вклучувајќи го и конфликтот во Украина.
Додека Кина го опишува својот став за војната во Украина како неутрален, како што се наведува, трговијата меѓу двете земји е зголемена од нејзиниот почеток.
Крајното оружје на Америка против финансиските институции е способноста на Министерството за финансии да го прекине нивниот пристап до американски долари, што е егзистенцијална закана за секоја банка што работи на меѓународно ниво.
Во поголемиот дел од своето патување, Јелен ја прекоруваше Кина за она што Вашингтон го гледа како прекумерна инвестиција во производството, особено во новите технологии за зелена енергија, со цел да се надомести проблематичниот сектор за недвижнини и слабата домашна побарувачка. Јелен порача дека кинескиот прекумерен капацитет ќе ги преплави другите економии доколку нема промена на курсот.
Јелен најави дека следната недела ќе започнат нови разговори со средба на две американско-кинески работни групи во Вашингтон.