понеделник, 28 октомври 2024

Џеј Ди Венс повика на преговори со Русија

Сенаторот од Охајо и кандидат на Доналд Трамп за потпретседател на САД од Републиканската партија Џеј Ди Венс денеска повика на преговори со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Ен-би-си њуз, на прашањето дали го гледа Путин како сојузник или непријател, тој рече:

„Мислам дека тој е очигледен противник. Тој е конкурент. Мислам дека треба да бидеме паметни и во дипломатијата. Само затоа што некој не ни се допаѓа, тоа не значи дека не можеме да разговараме со него по потреба“, рече Ди Венс.

Тој нагласи дека преговорите со Русија се составен дел од завршувањето на војната во Украина.

„Мислам дека е важно ако некогаш ја завршиме војната во Украина, суштински, на одредено ниво, ќе мора да учествуваме во одредени преговори меѓу Украина, меѓу Русија, меѓу нашите НАТО сојузници во Европа. Тоа е неопходен дел“, изјави Ди Венс.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември годинава. Главни конкуренти се поранешниот претседател на САД Доналд Трамп од Републиканската партија и актуелната потпретседателка Камала Харис, како кандидатка на Демократската партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ