понеделник, 21 октомври 2024

Џефри Сакс: Балканот ќе напредува со обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија и соработка со Кина

Верував во спас на Југославија, но премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да ѝ стават крај на Југославија, а не да ја спасат, вели Џефри Сакс, американски економист, професор на Универзитетот Колумбија, кој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите, во интервју за белградскиот неделник НИН.

Објавено на

часот

Сподели

„Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија беше глобалната соработка со регионот во криза за да се излезе од хаосот. Она што го советував во секој од тие случаи, вклучително и Југославија, беше финансиска надворешна помош за да се стабилизираат финансиите во нестабилна ситуација“, објасни Сакс.

„Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност“, изјави Сакс.

Потсетувајќи на Големата депресија од минатиот век во светот, тој оцени дека „не е веројатен економски колапс, но веројатна е растечка економска слабост“.

Американскиот економист рече дека Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската Унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други.
„Ако нешто на САД не им се допаѓа, тоа е неутралноста. Или си со нас или си против нас, тоа е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева“, нагласи Сакс во интервју за НИН.

Тој изјави дека Србија и балканскиот регион воопшто, ќе напредуваат со мир, обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија, одржување на отворена трговија и соработка со Кина, силни економски односи меѓу Балканот и Блискиот Исток, мир во Палестина (имплементација на решението за две држави за Израел и Палестина под надзор на Обединетите нации) и европското партнерство со кинеската иницијатива „Појас и пат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ