сабота, 27 јули 2024

Џафероски: Фијаско на криминалното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски, Зечевиќ и Петровска

Вечерва во седиштето на СДСМ има повеќе насилници и криминалци од членови на Централниот одбор. Фијаско на криминалното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски, Зечевиќ и Славјанка Петровска. Вака, во серија постови на својот фејсбук-профил го коментираше синоќешниот партиски состанок Аднан Џафероски, поранешен член на ЦО и на Извршниот одбор на партијата

 

Објавено на

часот

Сподели

„Криминалното јадро на СДСМ пробува да остане до септември на чело на партијата…Просториите на СДСМ на Бихаќка запоседнати се од насилници ангажирани од Ковачевски и Зечевиќ…

Криминалецот Зечевиќ наместо да организира насилие со своите клошари за задржување на позицијата, подобро е да даде објаснување пред членството колку пари наследи, како се потрошени тие пари и зошто пред две недели ја задолжи партијата за нови 1,6 милиони евра!?

Партијата немаше никакви долгови и кредити…“.

Ова се дел од постовите на Џафероски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ