петок, 18 октомври 2024

Џафери: За да ги добијат документите до изборите, граѓаните треба да покренат постапка за тоа

Со оваа динамика со која сега се изготвуваат личните документи, а педесет дена пред избори граѓаните кои досега иницирале постапка ќе можат да гласаат со новите документи, изјави денеска на прес конференција премиерот Талат Џафери.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање што ќе се случи ако граѓаните сепак не ги добијат новите документи, Џафери рече дека не сака да зборува хипотетички.

Најважно е граѓаните да ја иницираат постапката. Но што ако не ги добијат документите? Не преферирам да зборувам хипотетички што треба да работам. Прво што ме дочека кога дојдов на оваа функција беше штрајкот на ФЗОМ и го решивме. Проблемот со училиштето во Чашка го решивме. И затоа беа тие фамозни посети во канцелариите на МВР. По хиерархија, јас имам право да одам и во последната канцеларија што е во надлежност на Владата. После тие посети оргнаните почнаа да работат подинамично“, одговори Џафери на новинарското прашање при тоа мислејќи на посетата на СВР Тетово од која се појави видео снимка на која Џафери со прекорен тон се обраќа кон вработените.

Според статистиката што Џафери ја добил од МВР за периодот 1.2.2024 до 20.2.2024 граѓаните поднеле 123.983 барања за пасоши, а биле изготвни 95.267. За лични карти биле поднесени 82.235 барања, а изготвени се 71.410. Речи си двојно помал бил интересот за возачки дозволи. Во февруари биле поднесени 46.280 барања, а изготвени биле 39.552.

„Со оваа динамика со која сега се изготвуваат личните документи, а педесет дена пред избори граѓаните кои досега иницирале постапка ќе можат да гласаат со новите документи“, рече Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ