сабота, 27 јули 2024
Став на техничкиот премиер

Џафери: Против сум државно рекламирање на партиите, тоа не им се допаѓа на телевизиите

Техничкиот премиер Талат Џафери изјави дека бил против и дека и сега е против со државни пари во предизборието да се рекламираат партиите и дека тоа, како што рече, не им се допаѓа на националните телевизии.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Мојот став е дека не треба да има буџетски пари за реклами во смисла на предизборието. Но, ќе одите во вашите (медиумски) куќи да прашате зошто инсистираат токму на тој закон. И пак ќе бидам обвинет, тоа го знам, меѓутоа мој став е дека не треба буџетски пари да има за таа работа“, рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.

Тој потенцира дека уште во 2019 година кога се случиле измените на Законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се изјаснил против.

„Во 2019 година имаше измени на Законот за АВМУ со фамозниот член 42. Кога се изјаснив против. Медиумите, особено петте национални телевизии ме обвинуваа дека работам против нив. И од операторите бев обвинуван“, рече Џафери.

На новинарско прашање дали лидерот на ДУИ ќе му биде противкандидат на Арбен Таравари за претседателските ибзори, Џафери рече дека на Али Ахмети не му се потребни функции.

„Ахмети има мисија и колку што знам не е претендент за функција и мислам дека нема да прифати. Неговата мисија се Европа и Европската Унија и прашањата на кои уште работи  После 50 години придонес во оваа држава и за оваа држава и граѓаните не верувам дека може да му биде приоритет натпревар за која било функција. Да сакал функција во овие дваесет години ќе ја имал таа што ќе ја посакал“, рече Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ