недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024

Џафери: Ова се пресудни избори за патот на Македонија

Техничкиот премиер Талат Џафери во изјавата што ја даде по гласањето во неговото село Форино, оцени дека изборите се од особено значење бидејќи, како што рече, се избира власт која ќе даде правец по кој земјава ќе оди по изборите.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека учесниците во изборниот процес во предизборната кампања успеале да допрат до волјата на граѓаните да ги убедат по однос на определбите на секој од нив, програмските определби за пристап кон гласањето“ изјави тој.

Џафери изрази очекување како што течел денот до неговата изјава за медиумите, изборите да протечат нормално без никаков проблем.

„На сите избирачки места отпочна процесот на време и тече онака како што е предвидено и со закон, и како што би требало да биде. Тоа е апел да продолжи во текот на денот во ваквиот ритам, мирно без никакви проблеми, без никакви влијанија, да можат граѓаните да ја изразат својата волја, рече Џафери.

Оцени дека овие избори се од особено значење.

„Значењето на овие избори е особено и поради фактот што ова не се обични избори, туку е битно од контекстот во кој правец земјава ќе оди по изборите. Во крајна инстанца тоа е слобода на волја, ние сите сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните, и јас сум убеден дека тоа така ќе биде до крајот на денот“, рече Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ