сабота, 27 јули 2024

Двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ е чест и доверба, но и одговорност, велат од ДС

Демократскиот сојуз, претседателските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.

Објавено на

часот

Сподели

„Двојната победа со која Гордана Сиљановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата ‘Твоја Македонија’  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава. Дамка на целиот изборен процес со обиди за нарушување на истиот, посебно во текот на вчерашниот ден, водството на ДУИ кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успеше со бојкотот“, велат од Демократскиот сојуз.

Од таму додаваат дека пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија како и дека граѓаните ги испратија ДУИ и СДСМ во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид на одговорност.

Пораката од Демократскиот сојуз е дека победата е голема, а одговорноста е огромна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ