сабота, 27 јули 2024
Тензии поради посетата на Еди Рама на грчката престолнина

Двоглав орел и албански знамиња во Атина: „Вие сте рамноправни господари“ (ФОТО+ВИДЕО)

Во Атина се одржа собир на албанската имиграција, на кој зборуваше албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека сака ново поглавје на братството, европскиот поредок и мирот заедно со напредокот со јужниот сосед Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Во последните денови грчката влада неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер. Еди Рама изјави дека Албанија нема претензии кон Грција и дека односите меѓу двете земји „не треба да се удават во лажичката вода што ја носи политичкото секојдневие“, објави „Албаниан пост“.
Грчката телевизија ЕРТ наведува дека на средбата присуствувале околу 5.000 Албанци што живеат во Атина и дека за обезбедувањето биле ангажирани 1.500 полицајци.
Средбата предизвика нови тензии во односите меѓу двете земји, кои се затегнати поради положбата на грчкото малцинство во Албанија, јавуваат грчките медиуми. „Грција е демократска земја. Тоа не можеше да го спречи лидерот да оствари приватна посета и да разговара со своите сонародници. Тоа прашање можеби привлече повеќе внимание отколку што требаше, но вистинскиот момент не е пред европските избори, рече Рама.
На митингот тој изјави дека „Албанците во Атина станаа гордост на Албанија во овој дел од Европа“.
„Вие сте најголемиот, најсилниот, најубавиот доказ за оваа поврзаност со милиони нераскинливи нишки на два народа. Ниту еден ваш проблем не се разликува од кој било проблем на граѓаните на Албанија. Во ниту еден случај албанската држава на етничките Грци не им го ускрати правото на вера, јазик или сопственост. Ним никогаш не им беше ускратено правото на глас поради нивното потекло, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ