Балијагиќ е осомничен дека убил две лица во селото Соколац. Црногорската полиција објави дека преминал во Србија, меѓутоа ни српските безбедносни сили не успеале да го фатат.
Криминологот Добривое Радовановиќ за српски Телеграф вели дека на потрагата влијае областа во која се крие Балијагиќ. И од српска и од црногорска страна станува збор за непристапен терен, што му дава повеќе простор за криење.
„Доволно е на таков терен да се бутне некаде, да се покрие со нешто и да се поминува покрај него. Тука не реагираат ни сензори на авиони и дронови. Ако често го менува местото, тогаш е двојно потешко да се најде. Површината е доста голема, а тој ја знае секоја педа од тој терен“, вели Радовановиќ.
Тој додава дека студеното време веројатно ќе му го отежни бегањето и криењето на Балијагиќ.
Припадниците на црногорската војска ги прегледале снимките на надзорните камери на жителите на Обарде. Телеграф пишува дека не е исклучено Балијагиќ од време на време на непристапниот терен да преминува од една во друга држава.