понеделник, 20 мај 2024

Дводневна промоција на Лаб дизајн маркет

Денеска и утре во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ во 12 часот напладне ќе почне промоцијата на новите дизајнери кои  ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот. Покрај ова, дизајнерката Евгенија Зафировска ќе ја отвори својата архива на досегашни примероци од минатите колекции и ќе ги понуди на продажба по достапни цени.

Објавено на

часот

Сподели

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“ во Скопје, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. Маркетот засега нуди приказ во една нова современа форма на традиционалните македонски занаети и за прв пат ги поврзува занаетчиите и дизајнерите во систем кој ќе им помогне на занаетчиите во брендингот, дистрибуцијата и промоцијата, а на дизајнерите ќе им понуди изработувачи.
„На настанот ќе им посакаме добредојде на новите дизајнери во нашата заедница, а на посетителите ќе им ги прикажеме овие сосема нови брендови чии колекции се целосно рачно изработени”, велат организаторите и воедно ги покануваат клиентите и посетителите во Лаб дизајн маркет да откријат за кои нови имиња станува збор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ