сабота, 19 октомври 2024

Дводневен вело-фест во Конче и Мантово

Објавено на

часот

Сподели

Организаторите велат дека во рамките на овој вело-фест ќе се одржат две велосипедски тури, кои ќе бидат надополнети со интересна програма.

За денеска покрај велосипедската тура околу езерото Мантово и можноста учесниците да кампуваат на брегот на езерото, во програмата се предвидени саем на локални производи и културно уметничка програма составени од настапи на фолклорни ансамбли, диџеј и бенд во живо.

За утре е предвидена главната велосипедска тура во должина од 56 километри, по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче кои за прв пат ќе им станат достапни на посетителите на настанот.

Се очекува во настанот да земат учество над двесте велосипедисти.

Учеството е целосно бесплатно и покрај наведените содржини, за учесниците се обезбедени и оброци, пијалаци, маички и сувенири.

Настанот е наменет за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планинско-ридски предели и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ