четврток, 26 декември 2024

Дводневен штрајк на царинската служба на Грција: прекин на товарниот сообраќај на границата со Македонија, патничкиот функционира периодично

Товарниот сообраќај на граничните премини на Македонија и Грција во следните два дена ќе биде во целосен прекин, додека патничкиот ќе биде доволен периодично.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се прецизира во соопштение, товарниот сообраќај на граничните премини Богородица и Меџитлија ќе биде во целосен прекин од полноќ ноќеска до полноќ во среда, освен за расиплива стока, поради дводневен штрајк на царинската служба во Грција.

Патничкиот сообраќај на овие премини, според грчката амбасада во Скопје, ќе биде дозволен периодично, но не е познат точниот распоред, па на патниците им се советува во тој период да избегнуваат движење преку тие гранични премини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ