вторник, 10 декември 2024

Движењето од кое зависи новата шпанска влада бара итно признавање на Палестина

Група левичарски шпански партии, обединети во движењето Сумар, предводено од потпретседателката на владата Јоланда Диаз, побара од шпанскиот премиер Педро Санчез да ја признае Палестина како суверена и независна држава, што е еден од условите за формирање левичарска коалициска влада следниот месец.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека дојде моментот Шпанија да ја признае палестинската држава, еднострано, безусловно и итно, што би бил клучен придонес кон решение на конфликтот и мир“, изјави портпаролот на движењето Ернест Уртасун на конференција за медиумите во Мадрид, каде покажа политички документ на политичкото движење.

Тој истакна дека Шведска (во 2014) и Грција (парламентот во 2015) ја признаа Палестина како држава, и дека истото треба да го направи и Шпанија без чекање на заедничка позиција на 27-те членки на Европската Унија.

„Бараме тоа да биде една од првите мерки кои ќе ги усвои идната коалициска влада“, кажа Утрасун, додавајќи дека барањето е вклучено во преговорите со Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Санчез.

Движењето Сумар има 31 пратеник во парламентот со 350 места и е главниот коалициски партнер на ПСОЕ. Санчез, по изборите одржани во јули, ќе се обиде следниот месец да ја добие поддршката од парламентот за да остане на власт следните четири години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ