„Сметаме дека дојде моментот Шпанија да ја признае палестинската држава, еднострано, безусловно и итно, што би бил клучен придонес кон решение на конфликтот и мир“, изјави портпаролот на движењето Ернест Уртасун на конференција за медиумите во Мадрид, каде покажа политички документ на политичкото движење.
Тој истакна дека Шведска (во 2014) и Грција (парламентот во 2015) ја признаа Палестина како држава, и дека истото треба да го направи и Шпанија без чекање на заедничка позиција на 27-те членки на Европската Унија.
„Бараме тоа да биде една од првите мерки кои ќе ги усвои идната коалициска влада“, кажа Утрасун, додавајќи дека барањето е вклучено во преговорите со Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Санчез.
Движењето Сумар има 31 пратеник во парламентот со 350 места и е главниот коалициски партнер на ПСОЕ. Санчез, по изборите одржани во јули, ќе се обиде следниот месец да ја добие поддршката од парламентот за да остане на власт следните четири години.