„Сообраќајот е во прекин, од она што првично можеме да информираме е дека има повредени лица и две жртви, а во неа учествувале неколку возила“, изјави Панајотова.
Таа додава дека ова се првични информации, во тек е увидот од страна на истражните органи. Од дежурната амуланта во Клиничка болница-Штип информираат дека од тешката сообраќајна несреќа е донесено едно повредено лице, кое во моментов е на иследување. Во моментов сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.