сабота, 19 октомври 2024
Расте интересот за стручно образование

Две третини од новозапишаните средношколци одбрале стручно училиште

Објавено на

часот

Сподели

Според наставниот јазик, 11.325 се запишани за настава на македонски јазик, 3.852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.

На првото пријавување, кое  се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16.007 ученици, а на второто пријавување – на 27 и 29 јуни се пријавиле 3.371 ученик. 

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места.. 

МОН соопшти дека во гимназиското образование пополнети се сите места во гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“.

За стручното образование конкурсот е завршен во повеќе струки и училишта во Струга, Гостивар и Прилеп во градежно-геодетска струка. Во Скопје, Гевгелија, Охрид, Кавадарци, Битола, Стумица, Куманово и Тетово за економско-правна и трговска струка. Во Штип, Велес, Гостивар, општина Илинден, Битола, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Богданци, Струмица и Скопје за електротехничка струка. Во Штип, Велес, Гостивар, кавадарци, Кичево, Куманово, Скопје, Битола, Струга и Тетово за здравствена струка. Во Скопје и Тетово за лични услуги. ВО Велес, Куманово и Скопје за машинска струка и во Велес, Скопје и Струга за угостителско-туристичка струка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ