сабота, 27 јули 2024

Две нови премиери за филмот „М“ во Северна Америка

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија го продолжува прикажувањето на северноамеиканскиот континент, овојпат во официјална конкуренција на два престижни филмски фестивали – Интернационалниот филмски фестивал на научна фантастика во Бостон и Интернационалниот фестивал „Ноќи на стравот“ во Висконсин.

Објавено на

часот

Сподели

Интернационалниот фестивал на научна фантастика во Бостон е оформен далечната 1976 година што го прави втор најстар жанровски филмски фестивал во САД. Во иницијалните години на постоењето во киното „Орсон Велс“ премиерно се прикажувани култни остварувања како „Денот кога земјата застана“, „Војна на световите“, или првото издание на дотогаш сеуште непознатиот „Војна на ѕвездите“. Денес, фестивалот се одржува во кино-комплексот Сомервил, и пред американската публика прикажува и промовира ограничен број на жанровски филмови од американската и интернационалната филмска продукција. Интернационалниот филмски фестивал „Ноќи на стравот“ се одржува во Висконсин, и има за цел да открива филмски остварувања со дистописка, фантастична и хорор тематика од меѓународната кинематографија. Во своето 16-годишно постоење, овој фестивал промовирал режисерски имиња како Мајк Фланаган (Absentia, Oculus, Fall of house Usher), Грег Никотеро (Walking Dead, Mist), Адриан Гарсија Боглијано (Late Phases, Black Circle) и многу други.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ