Победничката серија на „граѓаните“ продолжува, избраниците на Пеп Гвардиола попладнево со 0-3 триумфираа против Евертон на „Гудисон Парк“.
Играч на натпреварот беше Илкај Гундоган, Германецот постигна два гола и забележа една асистенција.
Резултатот беше отворен во 37. минута кога Гундоган прими топка во петерецот и потоа мајсторски ја префрли топката покрај себе и го изненади Пикфорд за 0-1.
Веќе во следниот напад беше 0-2, Гундоган нафрли од лево а Халанд со глава ја затресе мрежата за нова радост.
Конечниот резултат беше постигнат по пет минути игра во вториот дел, Илкај Гундоган со краток залет брилијатно го префрли живиот ѕид и погоди во аголот од слободен удар за 0-3.
Со оваа победа, Манчестер Сити ја задржа предноста од +4 во однос на Арсенал на три кола до крајот.
На вториот денешен натпревар од 15 часот, Брентфорд со 2-0 го совлада Вест Хем.