Репрезентацијата на Шведска игра против Белгија на стадион кој се наоѓа на околу пет километри од местото на престрелката.
Портпаролката на полицијата изјавила дека полицајците брзо пристигнале на местото на настанот.
Престрелката се случува во време на зголемена будност поради војната меѓу Израел и Хамас, која ги зголеми тензиите во неколку европски земји.
Медиумите известија дека на видео објавено на социјалните мрежи се гледа човек како зборува арапски и вели дека го извршил нападот во името на Бога.
Човекот на видеото додава дека убил три лица.
Федералното обвинителство потврди дека го видело видеото, но не може да потврди дека тој е напаѓачот.
Видеото и другите снимки од нападот ги проверува полицијата, соопшти Би-би-си.
Портпаролката на обвинителството изјави дека е отворена истрага, но не шпекулира за мотивот на напаѓачот.
Белгиските медиуми јавија дека напаѓачот, кој користел автоматска пушка, избегал од местото на настанот.