сабота, 26 октомври 2024

Две лица на преглед во болница по сообраќајката кај Костурино

Нормализиран е сообраќајот на патот село Костурино-Валандово, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, информираат вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот беше во прекин за сите видови возила од 19.30 до 20.20 часот.

Според првичната информација од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале автомобили марка „фолксфаген“ и „пежо“, а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им се извршуваат неопходните прегледи и снимања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ