четврток, 20 март 2025

Две лица се приведени, славеа роденден и правеа огномет во Скопје

М.Ф. (18) и М.Ф. (18) од Скопје синоќа се приведени откако во СВР Скопје било пријавено дека во градскиот парк има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Полицајци утврдиле дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ