петок, 18 октомври 2024

Две лица починаа од ковид-19, секој трет тестиран е позитивен на короната

За една недела со лабораториско тестирање потврдени се нови 213 случаи на ковид-19 во 18 градови во земјава, а две лица починаа, информираат од Институтот за јавно здравје. Направени биле 597 тестови, што приближно значи дека секој трет тест дал позитивен резултат на вирусто.

Објавено на

часот

Сподели

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Сарс-ков-2 (ковид-19, н.з.) со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – 17. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус на оздравени се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати се во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против ковид-19“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од почетокот на пандемијата па заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус во земјава, а 9.995 лица починале.

„Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години“, се додава во извештајот.

Првиот случај беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ