вторник, 15 октомври 2024

Две кашикари покриени со лисја и земја најдени во шума во тетовско Ѓермо

Во СВР Тетово било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на с.Ѓермо, тетовско, И.И.(38) од с.Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби, кашикари, покриени со лисја и земја.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ