сабота, 27 јули 2024

Две големи засилувања: Јувентус во финална офанзива по потписите на Погба и Ди Марија

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус е на добар пат беспари да донесе две големи засилувања, медиумите од Италија пренесуваат дека „старата дама“ влегува во финални преговори со Пол Погба и Анхел ди Марија.

Со Французинот начелно е постигната согласност за тригодишен договор и плата од 7,5 милиони евра плус бонуси. Се верува дека Пол Погба одбил 15 милиони евра по сезона од ПСЖ со цел да се врати во Торино, каде се промовираше во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Европа.

Оваа недела раководството на „бјанконерите“ ќе имаат нови средби со Рафаела Пимента (агентката која го наследи Мино Рајола) и ќе се обидат да ги испеглаат сите детали.

Во исто време се работи и на потписот на Анхел Ди Марија, во Лондон ќе има нова средба која може да се покаже како клучна.

Се верува дека Аргентинецот прифатил плата од 7 милиони евра плус бонуси, но проблем е должината на договорот. Наводно Анхел Ди Марија преферира договор на една година, додека пак Јувентус инсистира на двегодишна соработка со цел да го искористи декретот за повластена даночна стапка и да заштеди неколку милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ