сабота, 27 јули 2024

Две години суспензија за Габигол, мамел на допинг тест

Бразилскиот напаѓач, Габриел Барбоса – Габигол е суспендиран на две години поради обид за мамење на анти-допинг тест.

Објавено на

часот

Сподели

Габигол кој игра за Фламенго, а во минатото беше член и на Интер, во наредните две години не смее да игра фудбал.

Против 27-годишниот фудбалер беше поднесена кривична пријава за прекршување на процедурата и обид за измама при допинг тест. Тој има можност да поднесе жалба на оваа одлука.

Габигол при тестирањето се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал препишаните процедури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ