петок, 18 октомври 2024

Две деца загинаа во пожар на електронски велосипед во Њујорк, четворица се спасија

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е последниот во низата пожари во градот поврзани со е-велосипеди.

Иако пожарникарите стигнале до домот за само три минути, велат дека поради вообичаеното брзо ширење на пожарите на електронските велосипеди и поради тоа што велосипедот што се запалил бил приклучен на полнач на влезот во мала зграда со неколку станови, жртвите „ немале можност да излезат од зградата“ со оглед на тоа што силниот пожар брзо се искачил до станот на првиот кат.

„Начинот на кој горат овие пожари на електронски велосипеди, тоа е како експлозија на оган“, им рекол пожарникар на новинарите пред изгорената куќа. „Тоа е постојан проблем. Ги повикуваме сите да бидат многу внимателни и свесни за опасностите од овие уреди“.

Вклучувајќи го и пожарот од понеделникот, веќе има пет смртни случаи во Њујорк оваа година во пожари за кои официјални лица изјавија дека биле предизвикани од електронски велосипеди. Досега годинава имало 59 пожари поврзани со електронски велосипеди. Минатата година имаше шест загинати во вакви пожари.

Електричните велосипеди станаа популарни за испорака, патување на работа и движење низ градот со општо промовирање на користењето велосипед во последните децении.

Комесарката на противпожарната служба на Њујорк Лаура Кавана ги повика жителите да ги следат сите безбедносни упатства и препораките на производителите за е-велосипеди.

„Исто така, ги повикуваме нашите федерални, државни и локални партнери да побрзаат со прописите што ќе помогнат да се спречи трагедија како последниот пожар“, рече таа во изјавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ