сабота, 27 јули 2024

Двајца тетовци краделе дрва со документи со истечен рок, полицијата им поднесе кривични пријави

Во близина на тетовското село Теарце, вчера околу 13 часот на земјен пат кој води кон тетовско село Брезно, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Џ. и И.А., двајцата од село Теарце.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед во трактор управуван од Б.Џ., информираа денеска од МВР, биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт, при што тој приложил дозвола за сеча со изминат рок.

„При преглед на трактор кој го управувал И.А., биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт и за кои ги приложил истите документи што биле кај Б.Џ. Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата и тракторите биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ