сабота, 27 јули 2024

Двајца повредени во престрелка во Чаир

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ кога 22-годишниот Д.Т. со возило „голф“, во кое биле уште неколку непознати лица, застанал на улицата Боро Менков.
Д.Т. излегол од автомобилот и се упатил кон автомобил „опел корса“ во кој се наоѓале 21-годишниот Д.П., 18-годишните Е.И. и Т.С. и 19-годишниот В.В. Во еден момент Д.Т.почнал да пука кон нив со огнено оружје, по што се вратил назад кон автомобилот и избегал.

Во оружениот напад полесни повреди добиле возачот на „опелот“ Д.П. и Т.С., кои самите се упатиле до Градската болница, каде што побарале лекарска помош. Д.П. е задржан на лекување.
Според полицијата, причина за нападот меѓу лицата што се познавале е меѓусебно нетрпение.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ