„Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато.
Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден синџир на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле замотани во креп трака. Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама“, велат од Царината.
Златото е привремено одземено, против едното лице ќе биде поднесена кривична пријава, а против другот прекршочна, информираат од Царинската управа.