сабота, 27 јули 2024

Двајца новинари загинаа во израелски напад кај Кан Јунис

Новинарите Хамза Дахдух, фоторепортер и син на шефот на бирото на Ал џезира во Газа, Ваел Дахдух и неговиот колега Мустафа Тураја беа убиени денеска во воздушен напад.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тие беа убиени во израелски напад западно од Кан Јунис, на југот на Појасот Газа.

Двајца новинари загинаа откако израелски проектил директно го погоди возилото со кое патуваа додека вршеа теренска работа, документирајќи го нивото на уништување предизвикано од синоќешниот воздушен напад врз станбена област во близина на патот што го поврзува Кан Јунис со Рафа, пренесува Ал џезира.

Ваел Дахдух, шеф на бирото на Ал џезира во Газа, ги загуби сопругата, ќерката, внукот и 15-годишниот син во октомври во израелски воздушен напад што ја погоди куќата во која се засолниле.

Од избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа, десетици новинари се убиени во израелските напади.

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека досега во воените операции на израелската војска загинале 22.835 Палестинци, а 58.416 се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ