Како што соопшти МВР, тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште.
Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.