сабота, 27 јули 2024

Двајца малолетници украле оружје и муниција и им ги дале на возрасни лица, сите добија кривични пријави

Двајца малолетници украле повеќе парчиња оружје и муниција од домот на жена, а кои биле сопственост на нејзиниот починат маж и им го предале на двајца возрасни мажи. Сите добија кривични пријави од полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешка кражба, против Ѓ.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и помагање и против Р.М.(43) од село Сарај поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за прикривање.

На 17/18.03.2023 од стан на П.Т.(45) од Тетово, малолетниците одзеле ловечка пушка – чешка зброевка со калибар 12 мм; ловечки карабин црвена застава калибар 8 мм и пиштол црвена застава калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг. Откако го одзеле оружјето му го предале на третопријавениот, кој пак му го продал пиштолот на четвртопријавениот, додека ловечката пушка и карабинот ги сокрил во нива на место викано Балтепе, тетовско, која ја имал закупено.

Исто така, на 02.08.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај четвртопријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка и пет куршуми, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ