„Вчера од страна на трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд Кавадарци заедно со ИСР Кавадарци, како и инспектор од ОПКМСР Кавадарци при извршена контрола на подрачјето на Демир Капија, кај место викано Солинари, во атарот на селото Дрен затекнати биле двајца 22 годишни државјани на Косово како изведуваат геометарски активности на градилиште, ангажирани од правно лице од Скопје. Од извршената контрола било констатирано дека тие престојуваат во Македонија во спротивност со наведената цел и причини на престојот. Против нив се поднесени соодветни поднесоци“, информираа од МВР.
Двајца Косовари геодети незаконски работеле на градилиште во Демир Капија
ТОП ВЕСТИ