петок, 25 октомври 2024

Двајца браќа под истрага, претепале возач за кој мислеле дека вози неправилно

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јавното обвинителство (ЈО), на 12 август годинава, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице и го довеле во опасност неговиот живот.

„Заради недоразбирање во сообраќајот во однос на брзината на движење на автомобилите, осомничените физички се пресметале со оштетениот, удирајќи го со клоци и тупаници. Мајката на оштетениот и еден случаен минувач се обиделе да ги оттргнат и да ги спречат во намерата. Но, тие му нанеле тешки телесни повреди опасни по неговиот живот, па оштетениот во коматозна состојба, несвесен и неконтактибилен бил префрлен на болничко лекување“, информираа од ЈО..

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат кривичното дело и околности кои што го оправдуваат стравот дека ќе влијаат врз сведоците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ