сабота, 26 октомври 2024

Двајца беровчани се тешко повредени откако со пасат излетале од патот

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П., на возраст од 43 години, од Берово.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат село Смојмирово – Виница, во близина на селото Мачево, беровско, патничко моторно возило пасат со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Г., на возраст од 41 година, од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П., на возраст од 43 години, од Берово. Со телесни повреди се здобила Д.Т., на возраст од 28 години од село Смојмирово, беровско, констатирани во Медицински центар Штип, се појаснува во соопштението.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ