сабота, 27 јули 2024

Двајца бегалци се вратени во од КПУ Идризово

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 15.45 часот на улицата ‘Орце Николов’ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.О. (56) од Гостивар и Е.М. (29) од сeло Франгово, струшко. Околу 14:30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште  четири години од казната“, информираат од Министерството за внатрешни работи и додаваат дека двајцата биле затекнати со патничко возило и кај нив биле пронајдени и одземени 120.000 денари. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ