Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на место на случување, животот го загубиле едно лице, жител на Скопје и едно лице – странски државјанин, додека повреденото лице, исто така странски државјанин е итно пренесено на лекување во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп.