сабота, 27 јули 2024
Тешка сообраќајка

Двајца возачи загинаа на магистралниот пат Штип-Радовиш

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската болница.

Објавено на

часот

Сподели

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили пасат и опел.

На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило опел е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ