сабота, 27 јули 2024

Двајца советници од Општина Кисела Вода преминаа на страната на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникиот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски преку видео објава на Фејсбук информира дека двајца советници, едниот од Либерално-демократската партија, а другиот од Демократски сојуз преминале на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители.  Да живее Македонија“, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, наведувајќи дека тие преминаа на страната на ВМРО-ДПМНЕ, а станува збор за досегашни советници на ЛДП и ДС, кои беа дел од коалицијата на СДСМ.

Во видеото кое го објави градоначалникот, Петковски вели дека ќе дејствува независно, но дека се приклучува на „десната страна“, односно на страната на градоначалникот.

Стефковска вели дека и досега ги поддржувала политиките на градоначалникот, а дека отсега ќе дејствува независно, односно се приклучува кон Демократскиот сојуз, кон коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ