среда, 19 март 2025

Двајца скопјани приведени во Гевгелија, откако им се пронајдени 1,5 килограм амфетамини

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднел кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, и против А.А.(27) од Скопје осомничена за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во понеделникот, 17 март, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија на наплатна рампа Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., во кое сопатници биле А.М. и А.А.

„Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограм. Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ