На 23 и 24 август 2024 година во куќа на неговиот татко во Пробиштип, пријавениот на второ и третопријавените и на други лица им овозможил да користат амфетамин. Воедно, првопријавениот, на второ и третопријавените им продал амфетамин за да го продадат за време на одржување на музичка манифестација во Пробиштип, а при преглед над него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, при претрес во куќата биле пронајдени и одземени дигитална вага, пари и други предмети.
Двајца пробиштипјани и кратовец ќе одговараат за продавање дрога
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и овозможување на употреба на наркотични дроги, против Ј.Ј. од Кратово и Д.В. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Објавено на
часот