сабота, 27 јули 2024

Двајца приведени за вчерашното разбојништво во Куманово

Кумановската полиција приведе две лица од скопското село Буковиќ за вчерашното разбојништво во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата се сомничат дека со џип го пресретнале 63 годишниот кумановец на патот кон кумановската населба Карпош, предизвикале судир, пукале кон него, му одзеле торба со пари и го запалиле џипот.

„Денеска полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од село Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека  вчера околу 20:20 часот на улица Доне Божинов во Куманово со патничко моторно возило ренџ ровер со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило фолксваген пасат, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото ренџ ровер“, соопшти полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ