петок, 26 јули 2024

Двајца приведени на синоќешниот натпревар Вардар-Еурофарм Пелистер

30 годишен Словенец и 22 годишен скопјанец се приведени синоќа во полиција за време на одигрувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, соопшти МВР.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 18:20 часот во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер, од полициски службеници бил приведен Д.Т., на возраст од 30 години, од Република Словенија, поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“, пишува во билтенот на МВР.

Еден час подоцна бил приведен и 22 годишниот скопјанец.

„Синоќа во 19:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер, од полициски службеници бил приведен С.А., на возраст од 22 години, од главниот град на државава, поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“, соопшти МВР.

Без да даде детали како го прекршиле законот двајцата навивачи, од МВР велат дека по целосно документирање на двата случаи, ќе следува соодветен поднесок.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ