сабота, 27 јули 2024

Двајца прилепчани во автомобилот имале автоматска пушка и 3 кг марихуана

Полицијата запрела автомобил на патот Струга – Дебар и при проверката пронајдени биле автоматска пушка и над три килограми марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од оолициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило марка пежо со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал  Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ