Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.И., а со телесни повреди се здобила Б.Џ.И., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Двајца повредени во сообраќајка меѓу 3 возила
Денеска на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило цитроен со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Е. (27) од Охрид, патничко моторно возило форд со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (66) од Скопје и патничко моторно возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.И. од Скопје.
Објавено на
часот