четврток, 19 септември 2024

Двајца повредени на мотоцикл во сообраќајка кај Неготино

Рано утрово на крстосницата од ул.Индустриска и локалниот пат за село Курија, Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шевролет со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ